Нуредини: Греењето, индустријата и постарите автомобили се главните причини за загаденоста

Греењето во објектите и домовите, индустријата и постарите автомобили се главните причини за загаденост во воздухот, смета министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој во „10 минути” на ТВ21 вели дека помеѓу 16 и 17 попладне, и до 22, 23 и 24 во текот на ноќта драматично се зголемува загадувањето на воздухот.

-Причината за ова е што граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина, посочи Нуредини.

Министерот додава дека како трет главен загадувач на воздухот се и постарите автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот