Нуњез постави рекорд: Стана најбрзиот играч во Премиер лигата

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Ливерпул летово постави рекорд со сумата за која го доведе Дарвин Нуњез од Бенфика, меѓутоа најскапото засилување во историјата на „црвените“ немаше старт како што се очекуваше.

Сепак, како што одминува сезоната изгледа дека Нуњез влегува во вистинската форма. Вчера беше човек одлука против Вест Хем го постигна единствениот гол на натпреварот. Но, освен со погодокот Нуњез го привлече вниманието и со една друга ситуација.

Англиските медиуми објавија дека во еден момент на Нуњез му била измерена брзина од 38 километри на час.

Со оваа брзина тој постави нов рекорд во Премиер лигата и е најбрзиот играч. Претходниот рекорд го држеше Кајл Вокер со 37.8 километри на час.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот