„Њујорк Тајмс“ за лекувањето на Трамп: Обичен Американец би платил 100.000 долари

Доналд Трамп имаше обраќање од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашингтон ДС, САД / Фотоо: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL
Доналд Трамп имаше обраќање од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашингтон ДС, САД / Фотоо: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Претседателот Доналд Трамп е меѓу милионите Американци кои беа позитивни на ковид-19. Неговиот тридневен престој во болница, што вклучуваше дополнителни тестови за присуство на вирусот, екстра кислород, експериментален третман со антитела, неколку лекови и две возења со хеликоптер, веројатно чинеа повеќе од 100.000 американски долари, проценува „Њујорк Тајмс“.

Меѓутоа, разликата е во тоа што здравствената заштита за Трамп, како претседател, е бесплатна и финансирана од средства на даночните обврзници.

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

Првиот третман што го доби, односно Регенеровиот коктел со моноклонски антитела, е експериментален и натаму е во клинички испитувања. Бидејќи сè уште не е одобрен, нема наплата, но затоа просечниот Американец нема пристап до него.

„Гардијан“: Трамп примил коктел со антитела што бил развиен со клетки од абортиран фетус

Трамп, исто така, доби и Ремдесивир, антивирусен лек што првично беше развиен за лекување на ебола. Петдневен третман со него чини 3.120 долари со приватно осигурување, плус сите болнички трошоци за примена на лекот. Додека беше во болнички кревет, американскиот претседател примаше и Дексаметазон, евтин стероид што во просек чини 18,53 долари.

Најголема ставка во трошоците за лекување на Трамп, се чини, беше транспортот со хеликоптер од и до Белата куќа. Иако просечен пациент со ковид-19 не би требало да се превезува до болница со хеликоптер, како што прави претседателот на САД од безбедносни причини, медицинските возења со хеликоптер чинат меѓу 30.000 и 40.000 американски долари, според студијата на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

За просечниот граѓанин на САД, само дијагностичкиот тест за ковид-19 чини 100 долари, иако во некои случаи се наплатува и до 1.000 за брис. Секоја ноќ мината во болница може да чини и повече од 1.000 долари, сума на која се додаваат и трошоците за лекарства, услугата на болничкиот персонал, а во потешки случаи и потребата за операција, за респиратор и опоравување од ковид-19, испорачаната сметка за пациентот е околу 60.000 долари.

Иако точните трошоци се разликуваат во зависност од болницата, државата и видот на осигурување, дури и оние со осигурување плаќаат во просек по 31.575 американски долари, наведува „Фер Хелт“ (FAIR Health).

ВИДЕО | Цел свет му се смее на Трамп: Мојот син беше позитивен на коронавирусот, а за 15 минути оздраве

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот