„Гардијан“: Трамп примил коктел со антитела што бил развиен со клетки од абортиран фетус

Еден од лековите што ги земал Доналд Трамп за време на лекувањето на коронавирусот е развиен со употреба на човечки клетки добиени од абортиран фетус, пишува „Гардијан”. Лекот е коктел од моноклонални антитела развиен од „Регенерон“, Трамп добил инфузија од осум грама, а лекот не е одобрен.

Матичните клетки што се користат за развој на лекот се познати како клетки ХЕК-293Т и првично биле извлечени од бубрег на ембрион по абортус извршен во Холандија во 70-тите години од минатиот век.

Трамп постојано се обидува да го ограничи пристапот до абортус, а еден од неговите последни обиди е да ја номинира конзервативната католичка судијка Ејми Кони Барет за Врховниот суд.

Републиканската партија на Трамп е против истражување на ембрионални матични клетки и повикува на забрана за федерално финансирање на такви истражувања.

–  Го запревме федералното финансирање на истражување на ткиво на фетус. Заземаме став пред лобистите за абортус како никогаш досега, рече Трамп на почетокот на оваа година.

Портпаролката на „Регенерон“, Александра Боуви, рече дека компанијата спорните клетки ХЕК-293Т не ги смета за ткиво.

– Клетките слободно се делат во лабораторија и не сметаме дека оние што денес ни се достапни се ткиво на фетус,и инаку не користевме фетално ткиво, изјави Боуви.

Развојот на коктелот го поддржа „Барда“, институција во рамките на тамошното Министерство за здравство задолжена за истражување и развој во биомедицината, со 450 милиони долари. Не е достапен за јавноста и досега е тестиран само на 275 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот