Ново обвинение за убиецот од Кичево

Основното јавно обвинителство од Струга поднесен обвинение за двајца мажи кои се обвинети за разбојништво и силување.

„Настанот се случил на 31 декември лани кога обвинетите, од кои едниот е државјанин на Република Албанија, влегле во обложувалница во Струга. Тие чекале да заминат гостите од објектот, по што физички ја нападнале вработена во обложувалницата, сакале да ја силуваат и да и го одземат клучот од касата. Жртвата се спротивставила и успеала да се спаси“, соопшти денеска ОЈО.

Против обвинетиот 46-годишен македонски државјанин се води постапка и од Основното јавно обвинителство во Гостивар за убиство. Делото го извршил на 29 декември лани, кога со умисла убил  сопственик на ресторан во Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот