Ново истражување кое дигна прашина: Луѓето кои не носат маски имаат поголема шанса да се социопати!

Луѓето кои одбиваат да носат маска за лице или не се придржуваат кон социјално дистанцирање, имаат поголема веројатност да имаат карактеристики на социопати, покажа едно истражување.

Нечувствителност, лажење и манипулативност – можни знаци на социопат – биле одлики што често се наоѓале кај луѓето кои ги прекршиле безбедносните упатства на Ковид-19.

Овие резултати се добиени во студија спроведена од професорот Фабијано Коих Мигел и неговите колеги од Universidade Estadual de Londrina, во град во јужен Бразил. На секој поединец потоа, помеѓу март и јуни му биле спроведени неколку тестови за личноста преку Интернет, кои биле класифицирани во две групи. „Групата за емпатија“ се состоела од околу 1.200 луѓе кои покажале интерес за разбирање на чувствата и мотивацијата на другите луѓе. Овие луѓе исто така биле заинтересирани за „развој на позитивни социјални интеракции“ со другите, објави „Тајмс“.

Втората група, со околу 400 луѓе, покажала знаци на асоцијално нарушување на личноста, инаку позната како социопат или психопат, два поими кои често се користат наизменично. Овие луѓе настојувале да најдат начини на кои интеракцијата со другите би можела лично да им користи. Исто така, тие имале поголема веројатност да се чувствуваат „социјално изолирани“ и да се однесуваат непријателски.

Затоа, истражувачите заклучиле дека овие луѓе во општеството претставуваат ризик за другите, имајќи предвид дека тие сè уште не ги следат правилата и покрај зголемувањето на бројот на болести и смртни случаи.

Разликата помеѓу групите била во тоа што оние од асоцијалната група имале повисоки оценки во бесчувствителност, лажење, непријателство, импулсивност, неодговорност, манипулативност и преземање ризици од луѓето во групата емпатија.

Истражувачите исто така ги поделиле учесниците во четири групи во согласност со придржувањето кон мерките за сузбивање, врз основа на тоа дали лицето смета дека е важно. Резултатите покажале дека оние од асоцијалната група имале помала веројатност да сметаат дека правилата за контрола на Ковид-19 немаат смисла и поретко ги следат.

Тие, исто така, се обиделе да ја минимизираат сериозноста на пандемијата, според откритијата објавени во списанието „Личност и индивидуални разлики“.

Истражувачите, конечно, рекле дека нивните откритија сугерираат дека придржувањето кон контролните мерки е попредизвикувачко за лицата со социопатски карактеристики.

„Нашите откритија укажаа на тоа дека асоцијалните карактеристики, особено пониските нивоа на емпатија и повисоките нивоа на бесчувствителност, измама и преземање ризик, се директно поврзани со помалата усогласеност со мерките за справување“, забележале истражувачите.

„Овие карактеристики ја објаснуваат, барем делумно, причината зошто луѓето сè уште не се придржуваат до контролните мерки дури и со зголемен број на болести и смртни случаи“, сметаат тие.

Но, водечкиот истражувач, професор Мигел, рекол дека на откритијата мора да се пристапи со одредена претпазливост, објави „Тајмс“.

„Не можеме да тврдиме дека единствената причина што лицето избра да не носи маска е тоа што е социопат“, рече тој, додавајќи: „Додека тоа е можно, веројатно има и други фактори“.

Слични откритија биле направени од експерти од Полска, кои во својот извештај рекле дека луѓето со психопатски или нарцисоидни одлики може да имаат поголема веројатност да ги прекршат препораките, но исто така може и избезумено да купуваат храна што недостасува од полиците, според „Дејли меил“.

Кој е и онака социопат?

Социопат е термин што се користи за да се опише некој кој има асоцијално нарушување на личноста, односно за луѓе кои не можат да ги разберат чувствата на другите луѓе.

Според NHS, социопати можат:

– искористување, манипулирање или кршење на правата на другите

– не чувствуваат грижа или жалење за нечија туѓа мака

– се однесуваат неодговорно и покажуваат непочитување на нормалното социјално однесување

– имаат потешкотии во одржување на долгорочни врски

– не можат да го контролираат гневот; не се чувствувате виновни

– не учat од нивните грешки

– обвинувaaт други за проблемите во нивните животи

– постојано го кршат законот

Нема клиничка разлика помеѓу социопати и психопати. Овие термини се користат за означување на лица со ASPD и често се користат наизменично. Сепак, постојат некои клучни разлики; социопати се склони кон импулсивно однесување и често се перципираат како вознемирени, додека психопатите се ладни и пресметливи, понекогаш дури и шармантни и харизматични.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот