Новиот шкотски премиер Хамза Јусaф одржа молитва со семејството во официјалната резиденција

Хамза Јусаф, првиот премиер-муслиман на Шкотска, со молитва и ифтар ја помина првата вечер во официјалната резиденција.
Новоизбраниот премиер на Шкотска сподели фотографија на која одржува молитва за завршување на дневниот рамазански пост заедно со своето семејство, во неговата прва вечер во официјалната резиденција на шефот на Владата, Бјут Хаус.
„Посебен момент да го одведам моето семејство на молитва во Бјут Хаус, како што е вообичаено кога го прекинуваме нашиот пост“, напиша тој на Твитер, споделувајќи фотографии од молитвата и со членовите на семејството.
Шкотскиот парламент во вторникот го избра Јусаф, лидер на Шкотската национална партија (СНП) за нов премиер и наследника на досегашната премиерка Никола Старџен.
Јусаф стана првиот муслиман кој раководел со голема партија во Обединетото Кралство.