Новиот селектор на фудбалерките го објави списокот за натпреварите со Летонија

Фото: ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија со новиот селектор го започнува циклусот на квалификации (лига фаза) за пласман на Европско првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

На почетокот на април, нашата женска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Летонија и Словенија.

На 5. април во Рига ќе и гостуваме на селекцијата на Летонија, со почеток во 17. часот. На 9. април. на домашен терен ја пречекуваме селекцијата на Словенија. Дуелот против Словенија ќе биде одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток во 15. часот.

Новиот селектор, Александар Андов, за квалификациските мечеви со Летонија и Словенија се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Берна Кабакчи   Карсон, САД

Викторија Панчурова   Тиверија

Миа Петровска   Бохум, Германија

ОДБРАНА:

Ана Милчевска   Ланчкахути, Грузија

Ане Бошевска   Тиверија

Павлинка Николовска   Љуботен

Викторија Недева   Тиверија

Елена Петровска   Љуботен

Кристина Мојсоска   Ас Јунајтед

Елена Панеска   Каменица Саса

СРЕДЕН РЕД:

Оливера Цоклеска   Ас Јунајтед

Радица Велкова   Каменица Саса

Хава Мустафа   Шкендија

Александра Марковска   Љуботен

Марјана Нацева   Борусија Дортмунд, Германија

Рабија Дервиши   Скопје 2014

Икмете Лимани   Св Веинберг 67, Германија

Наташа Андонова   Леванте, Шпанија

НАПАД: 

Јилза Максути   Ас Јунајтед

Афродита Салихи   Шкендија

Теодора Шопов   Тиверија

Стефанија Маринковска   Каменица Саса

Гентијана Рочи   Купс, Финска

Македонската женска репрезентација на 1. април и официјално ќе започне со подготовки за квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот