Новиот играч на Барса Пјаниќ позитивен на Ковид-19

фото: твитер

Тестирањето е направено откако босанскиот репрезентативец не се чувствуваше добро.

Како што објави Барселона, Миралем Пјаниќ има коронавирус. Новиот играч на клубот беше тестиран во текот на вчерашниот ден, а резултатите се позитивни.

Досегашниот фудбалер на Јувентус се наоѓа во изолација во својот дом, а во наредните 15 дена нема да допатува во Каталонија.

Потсетување дека во јули играчот од средниот ред договори од трансфер на „Камп Ноу“ од италијанскиот шампион, а во спротивен правец замина Артур.

Претходно Каталонците објавија и дека позитивни на Ковид-19 се и Жан Клер Тодибо и Самуел Умтити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот