Новинарот Кежаровски повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“ - Слободен печат
Хроника

Новинарот Кежаровски повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот. 

Новинарот Томислав Кежаровски денеска повторно седна на обвинителна клупа. Тој и овој пат е обвинет во случајот „Ликвидација“.  Нему и на останатите обвинети повторно ќе им се суди откако Врховниот суд донесе одлука да ги укине првостепената и второстепената пресуда и процесот да почне од почеток.

Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот.  Предметот во кој му се судеше на Кежаровски е поврзан со убиството на Лазар Милошевски (74) во 2005 година во велешкото село Ореше.

Адвокатот Филип Медарски, кој го брани Кежаровски вели дека и за Кежаровски кривичното дело е застарено.

– Очекувам правилност и правичност. На крајот се надевам дека ќе ја извојуваме победата – истакна Кежаровски.

За овој случај тој одлежа пет месеци во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Подоцна беше пуштен во домашен притвор. Првичната пресуда за Кежаровски беше 4,6 години затвор. Во 2015 година по одлуката на Апелација по жалба Кежаровски доби две години затворска казна,  адвокатот Воислав Зафиров , кој беше осуден на пет и пол доби 2 и пол години затвор, судијата во случајот „Ореше”, Илија Танев му е намалена казната на година и пол, на јавниот обвинител Ивица Ефремов на 3 години, а поранешните судии Борис Николовски и Сашо Лазаровски добија условни казни од една година доколку не го повторат делото во наредните три години.

Наредното рочиште е закажано за 3 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close