Нови случаи на коронавирус во ракометниот клуб Пролет

Фото: rkprolet.mk

Ракометниот клуб Пролет ја известува спортската јавност за нови случаи на ковид-19 во своите редови.

Резултатите од новото тестирање меѓу сите членови на РК Пролет покажаа три нови случаи на коронавирус меѓу ракометарите на оваа екипа.

Согласно здравствените протоколи, тројцата заболени се ставени во самоизолација, а сите останати ракометари остануваат изолирани, надвор од тренажен процес.

Вкупно 12 ракометари на Пролет моментно се позитивни на ковид-19.

Пролет сè уште не продолжува со тренинзи, сè додека не бидат создадени услови за такво нешто со стабилизација на бројот на заболени во тимот на тренерот Никола Матлиески.

Заврши ракометниот карантин – продолжува Супер-лигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот