Нови проблеми за Клоп и Ливерпул по драматичниот пораз од Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Проблемите за Јирген Клоп и Ливерпул немаат крај. По драматичниот пораз од Манчестер јунајтед со 4:3 во четвртфиналната пресметка од ФА Купот, германскиот фудбалски менаџер на „црвените“ објави дека тројца нови играчи од неговиот тим имаат здравствени проблеми.

Тие се Луис Дијаз, Дарвин Нунес и Коди Гакпо. Сите тројца имаат различни тегоби по пресметката на „Олд Трафорд“.

Добрата вест за Ливерпул во овој случај е што следува пауза за репрезентациите и „црвените“ немаат натпревари.

Од почетокот на годината Ливерпул го мачат сериозни кадровски проблеми поврзани со повредени играчи.

Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд, Енди Робертсон, Мохамед Салах и Диого Жота пропуштија голем број на натпревари. Некои од нив и натаму не се во најдобра здравствена состојба во моментов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот