ВИДЕО | Манчестер Јунајтед во натпревар со седум гола и по продолженија славеше во дербито со Ливерпул

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Maнчестер Јунајтед успеа да слави победа по продолженија против Ливерпул со 4:3 во четвртфиналето од ФА Купот.

Резултатот беше потворен по десет минути игра кога Скот Мектоминеј ја погоди мрежата на Келехер за 1:0. Ливерпул во продолжение постигна два гола преку Мекалистер и Салах за целосен пресврт.

Таа предност избраниците на Клоп ја чуваа се до 87. минута кога Ентони успеа да ја погоди мрежата на гостите и така да обезбеди продолженија. Ливерпул до нова предност дојде во 105. минута со голот на Елиот, меѓутоа Јунајтед не се предаваше. Рашфорд прво донесе изнеадување, а потоа Џало во последните моменти од натпреварот стрелаше за полуфинале.

Покрај Манчестер Јуанајтед претходно пласман во полуфиналето обезнедија Челси, Ковентри и Манчестер Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот