НОВИ НЕОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ: Подготовката на американски пилот за нуклеарен напад (ВИДЕО)

Фото: JeffBolton.org/Принтскрин

За време на симулација на нуклеарен напад, снимена е внатрешноста на авион-бомбардер Б-52, а благодарение на снимката се појавија некои детали кои досега не се видени, објави „Б-92“.

Видео-снимката прикажува подготовка за стратешко полетување на бомбардер, вклучувајќи ги и движењата на моторот. Првиот детал, кој претходно не беше откриен, е контролната табла за нуклеарно оружје, пренесува „Спутник“.

Така, на 27. секунда на снимката може да се забележат прекинувачи за активирање на нуклеарно оружје, отклучување на оружјето (од левата страна) и копче за активација.

Потоа на 35. секунди на снимката може да се видат две копчиња. Горното е за активација за автоматско или рачно стартување. Бидејќи е избран рачен режим, пилотот мора да го притисне копчето за да го изврши нуклеарниот напад.

На крајот од снимката може да се забележи дека пилотот носи ПЛЗТ-кацига. Целта на кацигата е да ги заштити очите на пилотот од одблесокот кој го создава нуклеарната експлозија, бидејќи таа може да заслепи и до 10 минути.

Дополнително, кацигата има провидни кристали кои автоматски се обојуваат кога детектираат интензивен сјај. Тие херметички се спакувани, објаснуваат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот