Нови датуми ќе имаат финалните мечеви во ЛШ и ЛЕ

фото: твитер

Како што известуваат од УЕФА, работна група ги анализира достапните опции и во догледно време ќе се донесат нови одлуки за завршните натпревари.

Првите луѓе на европскиот фудбал поради пандемијата на коронавирусот денеска официјално ги одложија финалните натпревари во Лигата на шампионите, Лига Европа и женското финале во ЛШ.

Како што информираат од УЕФА, новите датуми за одигрување на завршните мечеви ќе се дознаат во наредниот период.

– Уште не е донесена одлуката за новите датуми. Работна група ги анализира достапните опции. Оваа група беше формирана минатата недела на конференциска седница со претставниците на европскиот фудбал, која ја водеше претседателот на УЕФА, Александер Чеферин. Воедно групата започна со преглед на календарот. Одлуките ќе бидат објавени во догледно време – соопшти УЕФА.

Одлучувачкиот дуел за трофејот во ЛШ беше закажан за 30 мај во Истанбул (Турција), финалето во Лига Европа требаше да биде одиграно на 27 мај во Гдањск (Полска), а женското финале во ЛШ на 24 мај во Виена (Австрија).

Како што е веќе познато, одложено е и Европското првенство кое што треба да се одржи во 12 градови. Од ФФМ најавија дека полуфиналето во УЕФА Лигата на нации помеѓу Македонија и Косово во Скопје ќе се игра на 4 јуни 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот