Новавакс тестира вакцина против новиот вид коронавирус

epa08534367 Novavax Inc. headquarters in Gaithersburg, Maryland, USA, 08 July 2020. The company received a 1.6 billion US dollar award from the US government to further develop its experimental COVID-19 vaccine. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс”, специјализирана за развој на вакцини, ја тестира својата вакцина против новиот вид коронавирус што се пренесува полесно, а за првпат се појави во Велика Британија.

„Активно тестираме серуми против новиот вид во Велика Британија”, соопшти компанијата.

Во соопштението се наведува дека тоа ќе вклучува земање крв од учесниците во истражувањето кои примиле вакцина, а резултатите за ефикасноста на вакцината ќе се чекаат неколку недели.

„Новавакс” на тој начин им се приклучи на фармацевтските компании, вклучувајќи ги „Фајзер” и „Модерна”, кои исто така тестираат вакцини против овој вид.

Компанијата соопшти дека верува оти вакцината ќе создаде „имунолошки одговор на сите мутации на коронавирусот”.

„Новавакс” претходно најави започнување на третата фаза на тестирање на нејзината основна вакцина против коронавирусот.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот