Новата песна „Јави се“ на Мите Стоилков, ќе ви разбуди љубовни спомени! (ВИДЕО)

Фото: Промо

Еден од најквалитетните вокали во нашата земја, талентираниот Мите Стоилков ја објави својата најнова песна. Таа носи наслов „Јави се“ и како автори на истата се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.

Оваа љубовна приказна беше и екранизарана, а во неа може да ги видиме и актерските способности на младиот пејач.

Фото: Промо

– „Јави се” носи силна љубовна порака. Секој во животот би се пронашол и би му разбудиле спомени, сепак спомените се дел од животот. Искрено се надевам дека ќе им се допадне на публиката. За да изгледа се прекрасно како целина, беше врвно стручен кадар на соработници на кои сум им искрено благодарен од срце. Би сакал да ги издвојам најдобрите во нашите простори: Лазар Цветкоски, Ена Цветкоска, а тука се и Пеце Здравковски, Ѓорѓи Вацев, Александар Вајдевски и Христијан Српчански кои се погрижија за ова прекрасно видео – вели Стоилков.

Мите не застанува тука. Тој веќе работи и на новата песна, за која вели дека е полн погодок.

Да потсетиме, Мите Стоилков е победник во музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“, а во оваа сезона ќе имаме прилика повторно да го гледаме како натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“.

Погледнете го спотот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот