Нова теорија за потеклото на коронавирусот: Продавач на пазар во Вухан бил првиот заразен со ковид-19

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Научник кој ги проучувал јавните извештаи за рани случаи на коронавирусот во Кина, во четвртокот објави дека претходната истрага на Светската здравствена организација веројатно направила грешка во раната хронологија на пандемијата.

Новата анализа сугерира дека првиот познат пациент со коронавирус бил продавач на голем пазар за животни во Вухан, а не сметководител кој живеел стотици милји подалеку, пишува Њујорк Тајмс, кој ја пренесува оваа вест како ексклузивна.

Извештајот објавен во четвртокот во престижното списание „Science“ ќе ја оживее, иако сигурно нема да ја реши, дебатата за тоа дали пандемијата започна со ширење на вирусот од диви животни што се продаваат на пазарите, или пак се работи за истекување од лабораторија за вирусологија во Вухан.

Потрагата по потеклото на најголемата јавно-здравствена катастрофа на векот поттикна геополитички битки, а во последните месеци се појавија неколку нови факти за решавање на ова прашање.

Научникот тврди дека пандемијата започнала на пазарот за морска храна Хуанан

Мајкл Вороби, научник и водечки експерт за следење на еволуцијата на вирусот на Универзитетот во Аризона, откри временски несогласувања барајќи низ сè што претходно беше објавено во медицинските списанија, како и видео интервјуа во кинески весници со две лица за кои се верува дека се првите документирани лица со коронавирусот.

Вороби тврди дека врските на добавувачите од пазарот на морска храна Хуанан, како и новата анализа на врските на најраните хоспитализирани пациенти од пазарот, силно сугерираат дека пандемијата започнала токму таму.

„Во овој град со 11 милиони жители, половина од раните случаи се поврзани со место кое е со големина на фудбалско игралиште“, рече д-р Воробеј.

Неколку експерти, вклучително и еден од истражувачите за пандемијата избран од СЗО, рекоа дека д-р Вороби завршил одлична „детективска работа“ и дека првиот познат случај на коронавирусот најверојатно бил продавач на морска храна.

Американски разузнавачи имаат тајни податоци од Кина, ќе го откријат потеклото на короната?

Не се согласуваат сите со овој заклучок

Но, некои рекоа дека сè уште нема доволно докази за децидно да се одговори на прашањето како и каде всушност започнала пандемијата. Тие сугерираа дека вирусот веројатно заразил „нулта личност“ некаде пред овој случај на продавач на морска храна, а потоа зафатил критична маса и се проширил на целиот пазар.

Студиите за промените во геномот на вирусот, вклучително и онаа направена од самиот д-р Вороби, сугерираат дека првата инфекција се случила околу средината на ноември 2019 година, неколку недели пред да се разболи предметниот продавач.

„Не е дека не се согласувам со анализата. Но, не се согласувам дека некој од податоците е доволно силен или целосен за да каже нешто многу веродостојно, освен дека пазарот на морска храна Хуанан очигледно беше супер жариште“, рече Џеси Блум, виролог во Центарот за истражување на ракот Фред Хачинсон и продолжи:

Др. Блум, исто така, истакнува дека ова не е првпат извештајот на СЗО, направен во соработка со кинески истражувачи, да открие грешки кои вклучуваат потенцијални врски на раните пациенти со пазарот.

„Просто е неверојатно што во сите овие случаи има постојани недоследности за тоа кога се случило тоа“, рече тој.

Како започна сето ова?

Кон крајот на декември 2019 година, лекарите во неколку болници во Вухан забележаа мистериозни случаи на пневмонија што се случија кај луѓе кои работеле на пазарот за морска храна Хуанан, влажна и слабо проветрена област каде што се продава морска храна, живина, месо и диви животни.

На 30 декември, јавно-здравствените службеници им рекоа на болниците да пријават какви било нови случаи поврзани со пазарот.

Плашејќи се од повторување на САРС, кој дојде од кинеските пазари за животни во 2002 година, кинеските власти наредија затворање на пазарот Хуанан, а полицијата во Вухан го затвори на 1 јануари 2020 година. И покрај овие мерки, новите случаи брзо се проширија низ Вухан.

Властите во Вухан на 11 јануари 2020 година објавија дека случаите почнале да се појавуваат на 8 декември. Во февруари, тие го идентификуваа најраниот пациент како жител на Вухан со презиме Чен, кој се разболе на 8 декември и немаше никаква врска со пазарот.

Кинеските официјални лица и некои надворешни експерти се сомневаа дека првично висок процент од случаите поврзани со пазарот можел да биде статистички феномен познат како пристрасност за идентификација. Тие тврдеа дека повикот од 30 декември од официјални лица да пријават болести поврзани со пазарот може да ги натера лекарите да ги занемарат другите случаи кои не се поврзани со пазарот во Хуанан.

СЗО разработи четири можни причини за ширењето на коронавирусот во Вухан: Трговијата со диви животни е најприфатливата

„Тој датум од 8 декември беше погрешен“

„Првично претпоставувавме дека пазарот на морски плодови може да има нов коронавирус“, рече Гао Фу, директор на кинескиот Центри за контрола и превенција на болести, во мај 2020 година, објави Кинеската глобална телевизиска мрежа.

До пролетта 2020 година, високи членови на администрацијата на Трамп го туркаа наративот дека вирусот „истекол“ од Институтот за вирологија во Вухан, кој има кампус на околу 13 километри оддалеченост од пазарот Хуанан, преку реката Јангце.

Во јануари оваа година, истражувачите избрани од СЗО ја посетија Кина и разговараа со сметководител кој наводно развил симптоми на 8-ми декември. Нивниот извештај од март 2021 година го опишува како прв познат случај.

Но, Питер Дашак, еколог за болести на Алијансата за Екоздравство, кој беше дел од тимот на СЗО, рече дека анализата на д-р Вороби го убедила дека тие грешат.

„Тој датум на 8 декември беше погрешен. Тимот на СЗО никогаш не го прашал сметководителот кога ги развил првите симптоми“, рече д-р Дашак.

„Мислам дека никогаш нема да дознаеме што се случува“.

Со фокусирање само на овие случаи, тврди д-р Вороби, тој може да ја исклучи можноста дека пристрасноста на определувањето ги води резултатите во корист на теоријата со пазарот.

Сепак, други научници рекоа дека е далеку од сигурно дека пандемијата започнала на пазарот.

„Тој направи одлична работа да го реконструира она што можеше од достапните податоци и тоа е разумна хипотеза како и секоја друга. Но, мислам дека никогаш нема да дознаеме што се случува бидејќи тоа беше пред две години и сè уште е нејасно.“, рече д-р В. Иан Липкин, виролог на Факултетот за јавно здравје Мејлман на Универзитетот Колумбија.

Алина Чан, постдокторски соработник на Институтот Броуд во Кембриџ и една од најгласните застапници на теоријата за лабораториско истекување, рече дека само новите детали за претходните случаи – кои датираат од ноември – ќе им помогнат на научниците да го пронајдат потеклото.

„Главните проблеми на кои укажува ова“, рече таа, „се недостигот на пристап до податоците и грешките во извештајот на СЗО и Кина“.

Теорија на дански шеф на СЗО: Нултиот пациент можеби бил лабораториски работник во Вухан, инфициран од лилјак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот