„Волстрит џурнал”: Ковид-19 можно е да протекол од кинеска лабораторија во Вухан

epa08303752 Brazilian scientists in the Immunology laboratory of the Heart Institute (Incor) of the Faculty of Medicine of the University of Sao Paulo, in Sao Paulo, Brazil, 17 March 2020 (issued 18 March 2020). Brazilian scientists develop a coronavirus vaccine with a different method than those used so far by the pharmaceutical industry and groups of researchers from other countries, who expect it to be tested on animals in the coming months. It is the current great challenge of the international scientific community and Brazil, as a power in Latin America, has joined this agonizing race to discover an effective immune response against the virus that has paralyzed half the world, although it has done so with a different approach. Meanwhile, Brazilians remain skeptical about the extent of this global pandemic in the country, where there are about 300 confirmed cases and at least one death from COVID-19. EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Според извештај на САД за потеклото на ковид-19, хипотезата дека новиот коронавирус протекол од кинеска лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит џурнал” повикувајќи се на извори запознати со содржината на тајниот документ.

Студија на Националната лабораторија на САД – Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија, беше подготвена во мај минатата година и испратена до американскиот Стејт департмент кога се истражуваше потеклото на пандемијата, за време на последните месеци на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Проценката на американската лабораторија дека вирусот „избегал” од лабораторијата, според „Волстрит џурнал”, произлегла од анализа на геномот на вирусот Ковид-19. Сепак, лабораторијата на Лоренс Ливермор одби да го коментира написот.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај рече дека побарал помош за да најде одговори за потеклото на Ковид-19.

Според американските разузнавачки агенции, постојат две можни сценарија – дека вирусот се проширил по лабораториска несреќа или бил предизвикан од човечки контакт со заразено животно, но заклучоците се уште не се донесени.

Во таен извештај на разузнавачките служби на САД, што циркулираше за време на администрацијата на Трамп, се вели дека тројца научници од кинескиот институт за вирусологија во Вухан во ноември 2019 година биле болни и побарале болничка нега.

Видео на денот