Нова студија открива: Два додатоци во исхраната можат да ја подобрат функцијата на мозокот во текот на 12 недели

Фото: Pexels / Polina Tankilevitch

Здравјето на вашиот мозок треба да ви биде на ум на која било возраст, но станува сè поголема грижа како што старееме и ризикот од развој на деменција се зголемува.

Истражувањата покажаа дека голем број на стратегии можат да го одржат мозокот млад, но ако само решавате крстозбори и пешачите секој ден, размислете да консумирате и додатоци во исхраната во текот на вашиот ден. Една нова студија покажа дека два пребиотика можат да ја подобрат функцијата на вашиот мозок за само 12 недели.

Студијата беше спроведена од истражувачи од Кралскиот колеџ во Лондон, а резултатите беа објавени во „Нејчр комуникејшн“. Истражувачите се фокусираа на два пребиотски додатоци на растителни влакна, фруктоолигосахарид (ФОС) и инулин, оценувајќи ги нивните ефекти врз интелектот и мускулната сила кај возрасните лица постари од 60 години.

Пребиотиците се храна која помага во подобрување на добрите бактерии во цревата, што значи дека тие се различни од пробиотиците. Инулинот е диетално влакно кое природно се наоѓа во растенијата, додека ФОС е вид на јаглени хидрати кои се наоѓаат во многу различни растенија, како што се кромидот, лукот, артичоката, бананите и аспарагусот. ФОС често се користи и како алтернативен засладувач.

За оваа студија, истражувачите го оценија ефектот на овие два пребиотични додатоци на цревниот микробиом, за кој се вели дека игра улога во физиологијата и интелектот на мускулите како што старееме. За да се разбере оваа врска, вкупно 36 пара близнаци добиле или плацебо или додаток во исхраната секој ден во текот на 12 недели.

На крајот од студијата, групата која примала додаток на влакна имала подобри резултати на тестовите кои ја проценувале функцијата на мозокот, вклучително и оној кој е ран маркер за Алцхајмерова болест, во споредба со оние кои примале плацебо. Учесниците кои земале додатоци во исхраната, исто така, направиле помалку грешки на тестовите за меморија.

По 12 недели, истражувачите заклучија дека додатоците на влакна „доведоа до значителни промени во составот на цревниот микробиом на учесниците, особено зголемување на бројот на корисни бактерии.

„Ова дава големо ветување за подобрување на здравјето на мозокот и меморијата за стареењето на населението. Отклучувањето на тајните на врската црева-мозок би можело да понуди нови пристапи за живеење подолг и поздрав живот“, рекла Мери Ни Лохлаин, постдокторски соработник во Истражувачката единица за близнаци на Кралскиот колеџ.

Вишиот автор на студијата Клер Стивс, професор по стареење и здравје на Кралскиот колеџ, истакна дека според него додатоците во исхраната се лесно достапни и евтини.

„Овие растителни влакна, кои се евтини и достапни  би можеле да имаат корист од широк спектар на луѓе во овие времиња без пари. Тие се исто така безбедни и прифатливи“, изјавил Стив .

Сепак, иако имало позитивни ефекти врз интелектот, истражувачите откриле дека додатоците не влијаеле на мускулната сила во период од 12 недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот