Нова студија: Електронските цигари може да предизвикат рак, ги оштетуваат клетките на ДНК исто како цигарите

Електронски цигари
Електронски цигари / Фото: EPA/SEBASTIEN NOGIER

Електронските цигари може да предизвикаат промени во клетките кои можат да предизвикаат рак, сугерира новата студија.

Експертите тврдат дека долгорочната употреба на овие уреди може да предизвика значителна штета на здравјето. Ова предупредување доаѓа откако британсмата влада претстави предлог-закон со кој ќе се забрани на следната генерација да купува цигари и да се бори против пушењето кај младите, објави „Дејли мејл“.

Во Велика Британија, Законот за тутун и електронски цигари секоја година ќе ја зголемува старосната граница за продажба на тутун за една година, така што цигарите никогаш нема легално да се продаваат на секој што ќе наполни 15 години или на помлади. Исто така, ќе воведе нови овластувања за ограничување на вкусовите и пакувањата кои намерно им се рекламираат на децата. Ова би можело да го промени начинот на кој електронските цигари кои содржат никотин се изложени во продавниците, поместувајќи ги подалеку од очите на децата и подалеку од други производи, како што се слатките.

Бројките покажуваат дека секое петто дете пробало електронски цигари и покрај тоа што е забрането за помлади од 18 години, додека бројот на деца кои користат е-цигари се зголемил тројно во последните три години.

Во првата студија од ваков вид за истражување на ефектите од електронските цигари на различни типови клетки, истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Инсбрук, Австрија, анализирале повеќе од 3.500 примероци. Тие пронашле епителни клетки – кои вообичаено ги обложуваат органите и често се местото каде што започнува ракотво устата се покажале значителни грануларни промени кај пушачите.

Што е најважно, слични промени биле забележани во клетките на корисниците на електронски цигари кои пушеле помалку од 100 цигари тутун во текот на нивниот живот.

Д-р Кјара Херцог, првиот автор на студијата, навела дека не може да се каже дека електронските цигари не носат ризици.

„Иако научниот консензус е дека е-цигарите се побезбедни од пушењето тутун, не можеме да претпоставиме дека тие се целосно безбедни за употреба и важно е да се истражат нивните потенцијални долгорочни ризици и врски со ракот. Не можеме да кажеме дека е-цигарите предизвикуваат рак врз основа на нашата студија, но забележуваме дека корисниците на е-цигари покажуваат некои слични епигенетски промени во букалните клетки како и пушачите, а овие промени се поврзани со идниот развој на ракот на белите дробови“.

Д-р Иан Вокер, извршен директор за политика во Канцер рисерч ВБ (Cancer Research UK), рекол дека децениските истражувања ја докажале врската помеѓу пушењето и ракот.

„И досегашните студии покажаа дека електронските цигари се далеку помалку штетни од пушењето и можат да им помогнат на луѓето да се откажат од пушењето. Меѓутоа, овој труд нагласува дека електронските цигари не се без ризик, па потребни ни се повеќе студии за да го откриеме нивното потенцијално долгорочно влијание врз здравјето на луѓето“, рекол тој.

Коментирајќи ги наодите, Џорџ Лејкинг, директор на Центарот за истражување на ракот на Универзитетот во Окленд, рекол дека треба да се набљудуваат со претпазливост, додавајќи дека развојот на ракот е „процес во повеќе чекори“.

„Важно е да се нагласи дека имало и други промени во клетките на пушачите кои не биле забележани кај корисниците на електронски цигари или кај непушачите“, рекол тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот