Нова премиера во Театар Комедија е претставата „Да живее Долна Дупка“ во режија на Коле Ангеловски
На сцената на Театар Комедија во Скопје на 29 јануари, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Да живее Долна Дупка“ на авторот и режисер Коле Ангеловски.
Препорачано
Соработката на Театар Комедија со овој македонски театарски и филмски актер, режисер и драмски автор продолжува на барање на публиката на Театар Комедија, која го познава творечкиот набој на Коле Ангеловски преку досегашните две успешни претстави на сцената на Театар Комедија, „Ах, љубов моја“, претстава со која и официјално почна да работи Театар Комедија во 2012 година, и „Не сега драга“ од Реј Куни во 2018 година.
Сценограф и автор на плакатот за претставата „Да живее Долна Дупка“ е Илина Ангеловска, костимограф на претставата е Марија Ѓоргиевска, автори на музиката се Оливер Митковски и Андреја Ристевски, фотографиите се на Кире Галевски, а проекциите се на Михаил Петров.
Во претставата играат актерите Горан Ников, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Жаклина Стевковска. Првата реприза е закажана за 30 јануари во Театар Комедија.


