Фото: илустрација/George Milton/Pexels

Нова измама со пари: битолчанка дала 20.000 евра за лажна операција на ќерка ѝ

Повозрасна битолчанка била измамена за сума од 20.000 евра. Како што рекла во полиција, непознато лице ѝ се јавило и ѝ рекло дека нејзината ќерка паднала и се повредила, па за операција се потребни пари и таа отишла и ги оставила на договореното место.

Нова измама на повозрасна жена, на која ѝ биле земени 20.000 евра за лажна дојава дека нејзната ќерка паднала и се повредеила, па за операција се потребни пари.

„На 03.12.2025 во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да ѝ се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена“ соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот