Нов успех на македонските хирурзи од ТОАРИЛУЦ: Отстранет агресивен тумор од дланката на 27-годишна пациентка

Хирурзите д-р Самарџиски и д-р Граматниковски изведоа сложена операција на тумор на шака/Фото: Фејсбук

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, два тима хирурзи изведоа исклучително комплициран оперативен зафат бенигнен агресивен тумор кај млада 27 годишна пациентка. Операцијата траела речиси 8 часа.

Професор д-р Милан Самарџиски кој го предводеше тимот на оваа клиника за „Фактор“ го објасни овој комплициран зафат кој го изведе заедно со васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски.

-Станува збор за агресивен тумор на шаката на паличната коска. Значи кај пациентката немаше малигни клетки, но туморот беше агресивен, расте брзо и оштетува коски. Тоа само хируршки може да се лекува, нема потреба од хемотерапија и тоа е добро, бидејќи васкуларниот граф „не сака„ хемотерапија“. Туморот успешно го извадивме, а дефектот го пополнивме со парче од малата писка, односно од горниот дел на потколеницата, а тоа е навистина многу тешко и сложено поради васкуларизацијата на тој дел, вели проф. Самарџиски.

Тој додава дека за овој дел, д-р Граматиковски оперирал цели 4 часа.

-С0 микроскопи практично врзуваше „невидливи конци“, а потоа ние, во однос на ортопедскиот дел, ставивме плочки и штрафови и сега оставаме да подзарасне. Самиот момент кога го споивме со крвните садови се виде дека фрагментот е жив, опскрбен со крв и затоа сметаме дека е успешна операцијата. Од горниот дел на коската на ногата, всушност извадивме едно мало зглобче и го искористивме за зглобот на шаката, објаснува професорот кој успешно го изведе овој зафат заедно со д-р Граматиковски и 15-член тим.

-Практично, ако туморот беше околу пет сантиметри, таков ист фрагмент извадивме од ногата. Но, тука е комплицирано тоа што од големите крвни садови ги одвојувавме гранките и уште покомплицирано е што тука има еден нерв кој е одговорен за стапалото. Тој е многу нежен, малку само да се допре, прави парализа. Тоа е тој ризик, за кој пациентката е целосно запознаена и потпишува согласност. Но, тимот кој ја знае работата прво го изолира нервот, го штити и се помина во најдобар ред. Ова е втора операција која ја изведува д-р Никола Граматниковски. Претходно, пред отприлика 6-7 недели имаше уште една слична операција на која работеше со д-р Илир Хасани, васкуларна фибула ставаа на надлактица. И тоа беше навистина успешна операција беше на ТОАРИЛУЦ, појаснува детално професорот Самарџиски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот