Нов ковид случај во основно училиште во прилепско: Позитивна наставничка од ОУ „Кирил и Методиј“ во Канатларци

Фото: mapio.net

Уште една наставничка во прилепско е позитивна на коронавирусот. Како што информира, советничката за образование во прилепската локална самоуправа, Каролина Николоска станува збор за наставничка во ОУ „Кирил и Методиј” во прилепско Канатларци и во самоизолација се осум ученици од петто и од шесто одделение.

Во самоизолација се и тројца наставници од подрачното училиште во село Подмол кои биле во контакт со неа.

Ова е втор случај на ковид-19 во основните училишта во прилепско. Претходно, поради позитивна наставничка на коронавирусот во ОУ „Климент Охридски” во Прилеп, 20 ученици од второ одделение се наоѓаат во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот