Нов амбасадор на Русија во Македонија е Дмитриј Константинович Зиков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација, Дмитриј Константинович Зиков.
Препорачано
Сиљановска-Давкова, според соопштението од нејзиниот кабинет, „изразила уверување дека дипломатските активности на амбасадорот ќе бидат насочени кон професионално застапување на интересите на Руската Федерација и на рускиот народ, во рамките на меѓународното право“.
За амбасадорот Зиков, претставувањето на неговата земја на македонско тло е „висока мисија“, пишува во соопштението од кабинетот на Претседателот.

Амбасадорот изрази подготвеност од руска страна за отворена соработка и за воспоставување рамноправни и заемно корисни односи во име на просперитетот, благосостојбата и развојот. Посакувам доаѓањето на големиот христијански празник – Велигден, да означи крај на војните и почеток на нова ера на мир и благосостојба“, рекла претседателката, според соопштението.
Зиков на функцијата доаѓа откако претходниот руски амбасадор Сергеј Баздникин, кој во земјава служеше седум години, во декември беше отповикан од рускиот претседател Владимир Путин.
Путин го отповика амбасадорот во Македонија Баздникин, кој на функцијата беше седум години


