Бесија Иљази / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Ништовни се вработувањата на Токсикологија што ги потпиша Бесија Иљази

Договорите што ги добија договорците на Токсикологија, на кои има потпис само од организациската директорка Бесија Иљази се ништовни и спротивни на законот каде што е децидно наведено дека сите правни акти мора да бидат потпишани од медицинскиот и организацискиот директор, изјави директорката на државниот санитарен и здравствен испекторат, Рената Младеновска, откако денеска повторно беше спроведена инспекциска контрола.

Согласно законските одредби надлежноста за одлуки за вработувања, отказни решенија и јавни набавки е заедничка, односно неопхдна е согласоност на двајцата директори.

„Доколку овие акти се потпишани само од еден директор, согласно закон за здравствена заштита се сметаат за непотпишани,“, изјави Младеновска.

Таа додаде дека за овој прекршок во законот нема предвидена казна и најави дека министерот за здравство Илир Демири ќе треба да одлучува што понатаму со овие 18 луѓе и валидноста на нивните договори за работа.

Во однос на овие 18 лица, инспекторите и претходно донесоа решенија дека не треба да се во просториите на Клиниката бидејќи договорите им се истечени на 31 јануари 2023 година, а според нивниот увид, тие бесправно работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако немале договори за ангажман но и соодветно образование.

Министерот Демири сепак не виде ништо спорно во одлуките на Иљази но одговорност побара од медицинскиот директор Д-р Даниел Петровски кој беше разрешен од позицијата и за кого рече дека не работел совесно и не ги потпишал договорите за овие лица иако имал согласности за продолжување на нивниот работен ангажман.

Превирањата на Клиниката започнаа минатиот месец откога вработени на Клиниката реагираа дека организациската директорка Иљази инсистира да се вработат 18 лица на кои им се истечени договорите за дело.

Вработените се пожалија и дека не можат да комуницираат со Иљази бидејќи таа не го говори македонскиот јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот