Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Николоски: Проектот „Безбеден град“ спасува животи и сите треба да учествуваат во него

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“ особено, како што вели, по ветувањето на лидерската средба. Порачува дека сите треба да учествуваат во овој проект, кој, потенцира, спасува животи.

На новинарско прашање дали Собранието ќе побара од МВР најмалку три месеци одожување на проектот Николоски рече дека „се работи за принципиелно прашање и оти може да одложуваме и месец, три и шест месеци, но на крај на денот прашање е дали сакаме да има ред во државата или не“.

Гледате кој е опозиција. Опозиција е СДСМ коишто влегоа во целосно деструктивна кампања, којашто мора да признаам дека не ја разбирам, и тука е ДУИ, коишто се сеќаваме добро што се случуваше кога беа на власт. Се надевам дека ќе се опаметат и законите особено оние кои се двотретински ќе бидат изгласани, особено после ветувањето на лидерската средба, изјави Николоски, по учеството на одбележувањето на празник Водици во Охрид.

Прашан дали би се согласил за одложување рече дека тоа треба да го разговараат пратеничките групи и во насока на постигнатото на лидерската средба да се изгради консензус.

 Ова е проект кој спасува животи и сите треба да учествуваат во него, порача Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот