Никола Тесла и жените: Синот на Мик Џегер ќе снима филм за тајните љубови на славниот научник
Режисерот и продуцент Џејмс Џегер, синот на Мик Џегер, се подготвува да сними нов филм за Никола Тесла.
Станува збор за љубовна драма во која се прикажуваат сите жени кои биле вљубени во големиот научник.
Главниот глумец кој би го глумел Тесла уште не е избран, но се преговара со Катарина Радивојевиќ, која живее во Њујорк, да ја глуми најголемата љубов на Тесла.
Филмот со работен наслов „Никола Тесла и жените“ би се снимал првично во Србија, а потоа во Америка.
Џегер открил дека со ликото и делото на Никола Тесла се запознал на студиите.
„Купив 30 книги за Тесла и ги прочитав за три години. Потоа напишав сценарио. Буџетот за филмот изнесува 74 милиони долари, а еден од најдобрите холивудски продуценти, Ридли Скот, би требало да ја преземе режисерската палка“, открива Џегер.
„Постоела љубовна врска меѓу Тесла и Катарина Џонсон. Љубовта на Тесла и Катарина, како и љубовта со Ленка Дунџерски се обвиени со велот на тајната и интимата. Со тоа ќе се занимава мојот филм“, рекол Џекер.