Никој не сака да седне на клупата на Јунајтед: Тројца тренери ја одбија понудата

Зинедин Зидан нема да седне на клупата на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

ФК Манчестер Јунајтед во неделата му врачи отказ на Оле Гунар Солскјер и веднаш ја започна потрагата по него наследник, но засега потрагата не оди според очекувањата и управата доби неколку „корпи“.

Иако не толку одамна клупата на Манчестер Јунајтед беше мамец за сите врвни тренерски имиња, но лошите резултати во последните неколку години драстично ја сменија сликата за „црвените ѓаволи“ поради што сопствениците имаат проблем да најдат елитен тренер.

Во последните 24 часа, дури тројца тренери одбија да седнат на клупата на Манчестер Јунајтед.

Првиот кој ги одби е актуелнио тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг кој културно порача дека него го интересира само клупата на холандскиот тим.

На Луис Енрике не му паѓа на памет да го напушти селекторското столче во шпанската репрезентација. Понудата ја одби и Зинедин Зидан кој одлучи да одмора оваа сезона и се надева од идната година да го наследни Дидие Дешан на клупата на француската репрезентација

Поради ова, управата на Јунајтед одлучи екипата во наредниот период да ја води Мајкл Карик заедно со другите двајца помошници кои беа Солскјер.

Желбата на управата на Јунајтед е екипата од следната сезона да ја предводи Маурисио Покетино кој моменто седи на клупата на ПСЖ, но доколку не успее да ја освои титулата во Лигата на шампионите, големи се шансите да добие отказ од францускиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот