Никој како Томовски: Македонецот брани во чудесна форма во Германија
Македонскиот голман Мартин Томовски продолжува да блеска во дресот на Битигхајм и со дури 20 интервенции беше клучната фигура во победата над Крефелд и уште еднаш покажа дека е во феноменална форма.
Препорачано
Македонскиот репрезентативец сосема заслужено се најде во тимот на колото. Благодарение и на неговите настапи, Битигхајм се држи на делба на второто место во втората Бундес-лига и сериозно конкурира за пласман во германската ракометна елита.
Статистиката по првите 11 кола покажува дека Томовски доминира речиси во сите голмански категории. Има најмногу одбрани (120) и убедливо најдобар процент на успешни интервенции (36,3%), оставајќи го зад себе Бохман од Хаген со 32,6%.
Тој е на врвот и по бројот на одбранети седмерци (10), а со постигнати два гола и четири асистенции го дели првото место меѓу голманите и во овие статистички сегменти.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8час
-
9час
-
11час
-
12час
-
12час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


