Ник Картер обвинет за силување малолетна обожавателка со аутизам и церебрална парализа

Ник Картер / Фото: EPA

Американскиот пејач Ник Картер е обвинет дека, наводно, силувал малолетна обожавателка со аутизам и церебрална парализа во 2001 година.

Во текот на вчерашниот ден, Шенон Рут одржа прес-конференција, на која низ солзи го обвини поранешниот член на музичката група „Бекстрит бојс“ за наводен сексуален напад врз неа кога имала само 17 години.

„Последните 21 година беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување како директен резултат на силувањето на Ник Картер“, тврди жената.

„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо немало поголемо влијание или потрајно влијание врз мојот живот од она што ми го направи и ми го кажа Ник Картер“, изјави таа низ солзи во нејзиниот говор.

„Бекстрит бојс“ на Американските музички награди / 8 јануари 2001 / Фото: LUCY NICHOLSON / AFP / Profimedia

Рут поднела тужба во текот на вчерашниот ден, заедно со уште три анонимни жени кои, исто така, тврдат дека Картер сексуално ги нападнал.

Според копијата од тужбата, до која дојде „Пејџ сикс“, Картер ја намамил 17-годишната Рут во неговиот автобус додека бил на концертната турнеја „Black & Blue“, заедно со неговата музичка група „Бекстрит бојс“.

Таму ѝ понудил „црвен“ пијалак, за кој тврди дека бил мешавина од алкохол и сок од брусница.  Потоа, наводно, Картер ја принудил на орален секс, па ја однел на креветот во автобусот и ја силувал девојката, која во тој момент сѐ уште била девица.

Ник Картер на концерт во Берлин / 3 јуни 2011 / Фото: EPA/BRITTA PEDERSEN

На прес-конференцијата, Рут изјави и дека била заразена со човечки папиломен вирус (Ха-пе-ве) за време на односот со Картер.

„Само затоа што Ник Картер е славна личност не значи дека е аболициран од неговите злосторства“, рече таа.

Пејачот ги негира обвинувањата, а неговиот адвокат изјави дека станува збор за манипулации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот