Фото: Нова Македонија

Ни студот ни снегот не го плашат Селаудин, последниот уличен свирач во Кичево

Единствениот уличен свирач во Кичево, Селаудин Абдулоски, им пркоси на зимата и на студот секојдневно забавувајќи ги минувачите во градот. Тој вели дека ова е периодот кога нешто може да се заработи од печалбарите кои се во Кичево за празниците, па продолжува да свири на неколку локации, пишува „Нова Македонија“.

Неговата музика го привлекува вниманието на минувачите, кои застануваат да го слушаат и да му остават некој денар.

-Периодот околу Нова година е доста добар за мене бидејќи тука се печалбарите кои имаат дарежлива рака и без исклучок кога ќе ме забележат доаѓаат и оставаат по некој денар или евро, што во овој момент за мене е добредојдено бидејќи немам други приходи. Пред овој период речиси да немав нималку работа и ме фати голема финансиска криза, но сега барем делумно ќе надоместам, вели тој.

Абдулоски додава дека по празниците, ќе оди за Германија, каде планира три месеци да ги забавува тамошните минувачи на улиците. Тој и порано работел во најголемите германски градови: Минхен, Франкфурт, Келн, Хамбург и други.

– Бидејќи заработката од месец во месец е во опаѓање, тоа ме натера повторно на одреден период да се вратам во Германија, каде свирев и порано и каде ќе продолжам да свирам во наредните три месеци. Во оваа земја стандардот на населението е многу повисок а и мојата заработка очекувам да биде поголема отколку што е тоа моментално во мојот град, вели Селаудин за „Нова Македонија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот