Незири: Предлогот на Алтернатива е надвор од времето и просторот

Политичкиот аналитичар Џелал Незири смета дека е целосно погрешно да се направи паралела помеѓу правата и процентот на етничките Срби во Косово, со тие на етничките Албанци во Северна Македонија. За предлогот на Алтернатива во Македонија да се формира заедница на албански општини, Незири вели дека е зачуден од тенденцијата да се копираат лоши решенија од соседството за истите да се продаваат како добри за земјава.

Правата на етничките Срби во Косово се резултат од преговори помеѓу две држави, кои не се признаваат меѓу себе, додека правата на етничките Албанци се епилог на еден внатрешен политички процес со посебности кои не се споредливи со други земји. Лично ме чуди тенденцијата да се копираат лоши решенија од соседството за истите да се продаваат како добри за земјата. Најдобро ќе беше Алтернатива да го нудеше Охридскиот договор како решение за внатрешните состојби во Косово, но и во овој случај оваа решение е неспроведливо во соседството заради посебностите на спорот Белград-Приштина“, вели за „Слободен печат“ Незири.

Тој додава дека за разлика од С.Македонија, општините со мнозинство на етнички Срби на северот на Косово имаат географска компактност, речиси се моноетнички и имаат сепаратистички тенденции поттикнати од Белград.

Таа реалност не е присутна кај нас, каде од вкупно 80 општини, етничките Албанци мнозинство се во 15, а во 19 се над 20 проценти. И на крај, една таква заедница ќе го поништи Охридскиот рамковен договор, каде јасно пишува дека нема да има територијални решенија за етничките прашања. Со еден збор, ваквата идеја е надвор од времето и просторот во момент кога земјата е членка во НАТО, а главен предизвик е интеграција во ЕУ“, дециден е Незири.

Ковачевски му одговори на Гаши: Неприфатлив и несериозен е предлогот за формирање на заедница на албански општини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот