Невил: Не се освојува титула со Мегваер и Линделоф!

фото: твитер

Брутално искрен е поранешниот играч на „црвените ѓаволи“, Гери Невил кој го изрази незадоволството поради домашниот пораз на клубот во првото коло од новата сезона во Премиер лигата.

Иако пред натпреварот ја имаа фаворитската улога, играчите на Манчестер јунајтед изненадувачки на „Олд Трафорд“ загубија со 1:3 од Кристал Палас.

На удар после тој пораз од Невил се најдоа двајца фудбалери кои настапуваат во одбраната, Хари Мегваер и Виктор Линделоф.

– Во текот на преодниот рок се зборуваше за доаѓање на Санчо, но приоритет на клубот и менаџерот би требало да биде купување на централен бек. Додека не пронајдат играч кој е брз и добро ги решава ситуациите „еден на еден“, никогаш нема да се освои првенството. Што се однесува до Мегвајер и Линделоф, и двајцата се сличен тип на играчи. Во тимот има место само за еден. Со години наназад Јунајтед имаше еден брз играч и еден кој во скокот ја отстрануваше опасноста. Ни Линделоф, ни Мегваер немаат брзина која ја бара современиот фудбал – рече легендата на Јунајтед, Невил.

Шанса за поправен составот на норвешкиот менаџер Оле Гунар Солскјер ќе имаат наредната сабота (26 септември) на гостувањето кај Брајтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот