Неверојатен предлог, натпреварите од Серија А да се играат само во Рим

twitter/SempreInter.com

Италијанците не се откажуваат од идејата да го завршат неизвесниот шампионат.

Во време кога спортот е суспендиран, а првенствата во речиси спортови се прекинати и бара начин како да продолжат, постојано излегуваат неверојатни информации, а последната ја лансира римскиот весник „Ла Република“.

Бидејќи Рим е еден од најмалку погодените италијански градови од коронавирусот, весникот има идеја токму во „вечниот град“ да се доиграат преостанатите натпревари од Серија А.

Сите 20 екипи би биле сместени во Рим и околината, каде и би се играле натпреварите со што би се намалила опасноста од зараза од коронавирусот.

Сите членови на екипите нема да смеат да имаат никакви надворешни контакти, освен со фудбалерите од противничките екипи и тоа на теренот, а натпреварите би се играле пред празни трибини.

Фудбалерите, тренерите и останатите лица редовно ќе се тестираат на коронавирус, а дури ниту на новинарите нема да им биде дозволен пристап на терените.

Ваквиот карантин за екипите од Серија А би трае 45 дена, што е доволно за играчите да имаат мини подготовки и потоа да ја доиграат сезоната.

Досега се одиграни 26. кола во Серија А од вкупно 38, а лидер на табелата е Јувентус со 63 бода, само еден повеќе од Лацио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот