Неверојатен изум на научниците: Создадена „крвава“ батерија која работи со помош на хемоглобин

Фото: Pexels / Hilary Halliwell

Тим на истражувачи од Универзитетот во Кордоба дизајнираше и тестираше цинк-воздушни батерии кои го напојуваат хемоглобинот од црвените крвни зрнца и може да се користат за апарати како пејсмејкерите.

Тим шпански научници од Универзитетот во Кордоба (UCO) создале и тестирале таканаречени „крвави батерии“, односно цинк-воздушни батерии кои користат хемоглобин од крвта за напојување, пишува „ИФЛ Саенс“.

Хемоглобинот е протеин присутен во црвените крвни зрнца и е одговорен за собирање на кислородот од белите дробови и негово пренесување на различни делови од телото. Има многу висок афинитет за кислород и е од суштинско значење за животот. Имајќи го ова на ум, научниците од Универзитетот во Кордоба одлучија да проверат дали хемоглобинот може да биде клучен и за електрохемиските апарати во кои кислородот исто така игра главна улога, како што се батериите со цинк-воздух.

„За да биде добар катализатор во реакцијата на намалување на кислородот, катализаторот мора да има две својства: брзо да ги апсорбира молекулите на кислородот и релативно брзо да создава молекули на вода. Хемоглобинот ги има двете својства“, изјави Мануел Кано Луна, истражувач на универзитетот.

Користејќи ги тие процеси, тимот успеа да направи нивниот прототип биокомпатибилна батерија да работи помеѓу 20 и 30 дена со 0,165 милиграми хемоглобин.

„Користењето на хемоглобинот како биокомпатибилен катализатор е многу ветувачко кога станува збор за користење на овој тип на батерија во уреди кои се интегрирани во човечкото тело, како што се пејсмејкерите“, додаде Луна.

Тој додаде дека овие батерии работат со Пх-вредност од 7,4, што е слично на Пх-вредноста на крвта. Покрај тоа, бидејќи хемоглобинот е присутен кај речиси сите цицачи, нагласуваат тие, протеините од животинско потекло би можеле да се користат за напојување на батериите.

Како што нагласуваат, има простор за подобрување кај овие батерии. Еден од главните проблеми е тоа што не се полни, па тимот бара друг биолошки протеин кој би можел да ја претвори водата во кислород и на тој начин да ја наполни батеријата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот