Нетанјаху до членовите на Конгресот на САД: Израел нема друг избор освен офанзива во Рафах

epa10945788 Israel's Prime Minister Benjamin Netanyahu addresses a press conference in The Kirya military base in Tel Aviv, Israel, 28 October 2023. EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на група американски членови на Конгресот им рече дека до „победата“ во Газа и „добивањето“ на високото раководство на Хамас во енклавата, израелските сили ги делат само „неколку недели“, пишува Си-ен-ен. 

Говорејќи пред двопартиската група во Конгресот Нетанјаху рече:

„Убивме многу високи лидери на Хамас, вклучително и четвртиот и третиот по хиераркија во организацијата Хамас. Ќе ги вториот и првиот човек на Хамас. Тоа е победата, а победата ни е на дофат. Доаѓа за неколку недели“, информира Нетанјаху.

Премиерот вели дека од нападот на Хамас на 7 октомври, Израел уживал „извонредна усогласеност“ со администрацијата на Бајден, но има фундаментално различни ставови за израелското преселување во Рафах.

Израел се соочи со критики на меѓународно ниво пред неговата планирана офанзива врз јужниот град Газа, во кој во моментов се засолнети повеќе од еден милион луѓе.

Нетанјаху претходно и кажа на делегацијата дека раселените Палестинци во Газа можат „само да се преселат“ од Рафах и  може да се движат пренесувајќи ги своите шатори.

„Го имаат целиот Појас Газа северно од Рафах“, рече Нетанјаху. „Луѓето се движат надолу, можат да се движат нагоре“, додаде премиерот.

Несогласувањата околу претстојната инвазија на Рафах и влошената хуманитарна катастрофа во Газа ги доведоа односите меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Џо Бајден на ниско ниво.

Претходно оваа недела, Нетанјаху ја откажа планираната владина делегација во Вашингтон во знак на протест поради воздржувањето на САД од гласањето во Советот за безбедност на ОН, кое дозволи да се усвои резолуцијата со која се бара итен прекин на огнот во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот