Нетанјаху ѝ нареди на израелската војска да ја нападне Газа
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во вторникот дека наредил армијата да „изврши силни напади“ во Појасот Газа, обвинувајќи ја милитантната група Хамас за прекршување на договорот за прекин на огнот во палестинската територија, објави „Ројтерс“.
Препорачано
Во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху не беше наведена конкретна причина за планираните напади. Сепак, израелски воен претставник изјави дека Хамас го прекршил прекинот на огнот со напад врз израелски сили во област под контрола на Израел.
„Ова е уште едно очигледно прекршување на прекинот на огнот“, рече претставникот.
Нетанјаху претходно ја обвини групата Хамас дека го прекршила договорот со тоа што предала погрешни посмртни останки во процесот на враќање на телата на заложниците во Израел.
Хамас му го предаде на Израел телото на уште еден од заложниците во Газа
Хамас првично соопшти дека в вторник ќе му го предаде на Израел телото на еден од исчезнатите заложници, пронајден во тунел во Газа. Но, вооруженото крило на Хамас, Ал-Касам, подоцна објави дека го одложува предавањето, обвинувајќи го Израел за прекршувања на прекинот на огнот.
Израелските медиуми претходно објавија дека дошло до размена на оган меѓу израелските сили и борците на Хамас во градот Рафа, на југот на Појасот Газа. Израелската армија не одговори на барањата за коментар за овие информации.
Хамас, пак, соопшти дека се придржува кон условите на прекинот на огнот, а дека Нетанјаху бара изговор да се повлече од обврските на Израел.
Мирот меѓу Израел и Хамас се одржува според договор за прекин на огнот со поддршка од САД, но двете страни се меѓусебно се обвинуваат за прекршувања.
Според условите на примирјето, Хамас ги ослободи сите живи заложници во замена за околу 2.000 палестински затвореници и воени притвореници, додека Израел ги повлече своите трупи и ја запре офанзивата.
Хамас се согласи и да ги предаде останатите тела на загинатите заложници, но предупреди дека тоа ќе бара време за да се пронајдат и извлечат телата во енклавата која е разурната по две години војна. Израел, пак, тврди дека милитантната група има пристап до повеќето од тие посмртни останки.
Израел: Хамас прво ќе ги врати сите тела, а потоа ќе продолжи прекинот на огнот, велат семејствата


