Несреќа во Тетово: Автомобил удрил во десетгодишно девојче

Полиција/ фото МВР

Десетгодишно девојче пешак било тешко повредено вечерва, околу 19 часот во Тетово, откако во него удрил автомобил управуван од 27 – годишна жена. Повреденото девојче со возило на итната медицинска помош е однесено во тетовската болница.

-Околу 18 часот и 50 минути, на крстосницата на улиците „Илинденска” и „Видоја Смилевски-Бато” во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто” со српски национални регистарски ознаки, управувано од 27- годишната српска државјанка М.Н. со времен престој во Тетовско, удрило во малолетничка (пешак) од Тетово. Во несреќата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпартол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот