Откажан концертот на АББА во Стокхолм: Човек паднал од седми кат на салата и убил гледач

Шведска полиција /Фото: Профимедиа

Две лица го загубиле животот, а едно е повредено во концертна сала во шведскиот град Упсала кога едно од нив паднало од седми кат врз двајца гледачи, соопштила полицијата.

Илјадници гледачи се собрале во Uppsala Concert & Congress, модерна зграда каде требало да се одржи концерт во чест на познатата шведска поп група АББА.

„Добивме повик за лице кое скокнало или паднало од голема височина во концертната сала во центарот на Упсала“, изјавил за AFP портпаролот на полицијата Магнус Јансон Кларин.

Во фоајето на концертната сала бил отворен простор во кој тоа лице паднало од седми кат врз две лица, од кои едното починало, а другото е полесно повредено. На место починало лицето кое паднало. Портпаролот не го открил идентитетот на жртвите додека нивните семејства не се известени.

„Рано е да се каже дали ова е кривично дело“, рече Кларин.

Несреќата се случила нешто пред 18 часот по средноевропско време кога посетителите влегувале. Концертот требало да започне во 19 часот и 30 минути, но е откажан поради фаталниот настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот