Несовесни родители ги носат децата во градинка на денот кога им е закажан ковид-тестот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во градинка се носат деца и тоа на денот кога им е закажан тест за коронавирусот. Со вакви несовесни родители сè почесто се соочуваат вработените во градинките. Директорката на градинката „Астибо” Билјана Трајчевска вели дека и кај нив има веќе ваков случај, а вработените се револтирани од односот на одреден родител, кој наместо да го остави детето дома, го носи во градинката со што го загрозил здравјето на останатите деца и вработени.

-Апел до родителите – доколку почувствуваат симптоми или одат на тестирање, да ги остават децата дома, а не тој ден  да ги донесуваат во градинка. На овој начин се загрозува и здравјето на остантите деца во групите, но и на вработените, доколку тестот покаже дека родителот е позитивен. Имаме голема бројка на изолирани случаи на вработени во речиси сите објекти на градинката, по различни основи, рече Трајчевска.

Во моментов пет вработени во градинката „Астибо” од различни профили се позитивни на коронавирусот, четворица се на боледување, четворица се во изолација поради контакт со позитивен член на семејството, а двајца вработени се дома, бидејќи нивните деца се во изолација. Трајчевска вели дека во оваа цела ситуација многу им помага контактот и насоките од епидемиологот од Центарот за јавно здравје-Штип.

Во штипското основно училиште „Ванчо Прќе” денеска е потврден позитивен тест на наставник на трето одделение. Во изолација заминуваат 16 деца. Наставата ќе ја следат онлајн. Процесот на настава не е загрзоен и во повисоките одделенија, вели за МИА директорот на ООУ „Ванчо Прќе”-Штип, Методи Папаров.

Во најголемото училиште во Штип пет наставника од четврто до деветто одделение се во изолација поради контакт со член на семејството кој е позитивен на коронавирусот. Наставниците наставата ја реализираа без проблеми од своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот