Непосредно пред дуелот со Баерн: Умтити позитивен на коронавирус!

Фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити е уште еден од играчите на вицешампионот на Шпанија кој е позитивен на коронавирус. Клубот ја потврди оваа информација непосредно пред четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите со првакот на Германија, Баерн.

Умтити е вториот фудбалер од каталонскиот клуб кој е позитивен на последното тестирање на коронавирус, претходно беше објавано дека заразен е и Жан-Клер Тодибо.

Умтити моментно се опоравува и од повредата на левото колено, која ја здоби во јули. Истата го оддалечи и да настапува на завршниот турнир од ЛШ во Лисабон.

После тестирањата кои се направени во четвртокот, првотимецот Самуел Умтити е позитивен на коронавирус. Тој моментно нема никакви симптоми, се наоѓа во добра здравствена состојба и во домашна изолација. Клубот ги информираше релевантните здравствени и спортски органи, а исто така ги следевме и сите контакти кои ги имаше играчот за да се продолжи со тестирањето – стои во соопштението на Барселона.

Сите останати играчи беа негативни на последното тестирање. Во последните две години голем проблем за францускиот дефанзивец беа повредите. Оваа сезона поради нив одигра „само“ 11 натпревари за „блауграна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот