Неочекувано топол и сув октомври: Температурите значително повисоки, 19 дена било над 20 степени

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Деветнаесет дена во октомври биле со температура над 20 степени, а средномесечните просечни температури се повисоки за 2,4 степени во однос на просекот од 1981 до 2010 година. Месецот бил потопол и енормно сув.

Од УХМР наведуват дека средната месечна температура варирала од 10,8 Целзиусови степени во Маврово и Берово до 17,4 степени во Гевгелија.

Највисоката максимална температура е измерена на 1 октомври во Гевгелија од 32,6 степени, средната максимална варирала од 18,8 степени во Маврово до 27 степени во Гевгелија.

Најниската минимална температура е измерена на 28 октомври во Берово минус 2,8 степени. Средната минимална температура се движела од 3,2 степени во Берово до 10,7 степени во Гевгелија.

Во октомври месечната сума врнежи варирала од 3 милиметри во Скопје на Зајчев Рид до 28 милиметри во Гевгелија.

Максималната дневна сума врнежи од 15 милиметри била регистрирана во Гевгелија на 31 октомври.

Споредено со октомвриската просечна вредност, измерената месечна сума на врнежи била 50 милиметри или 82 отсто помала од просекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот