Неочекуваниот говор на бремената актерка за абортусот беше најмоќниот момент на доделувањето на Златниот глобус (ФОТО+ВИДЕО)

Мишел Вилијамс доби поддршка од жените, а громогласно и аплаудираа и Џенифер Анистон и Селма Хајек.

Актерката Мишел Вилијамс (39), која е во блажена состојба, ја подигна јавноста на нозе со својот говор на доделувањето на Златниот глобус кое се одржа во неделата на 5-ти јануари, во Беверли Хилс.

Мишел доби Златен глобус за најдобра улога во мини серијата „Fosse/Verdon”, а оваа прилика ја искористи да и се обрати на јавноста и да проговори за абортусот. Како што кажа и самата, имала право на избор и го искористила, а медиумите наведуваат како тоа и помогнало да напредува во кариерата.

– Дадов се од себе да го креирам својот живот, да не бидат само низа случувања кои ми се случиле, туку да можам да го видам своето влијание во се, мој избор, да го препознаам мојот ракопис во таа приказна. Некогаш тој ракопис е хаотичен, некогаш прецизен и точен. Меѓутоа, сето тоа јас сама го напишав и не би можела да го сторам тоа доколку немав право да изберам. Да имам право на избор да можам да кажам кога и со кого сакам да имам деца, да добијам поддршка, тоа ми значеше повеќе од било што – изјави актерката.

профимедиа

– Знам дека моите избори се веројатно поинакви од вашите, но фала му на Бог што оваа земја е заснована на принципи според кои јас го живеам својот живот според своите уверувања, а вие по вашите. И слободни сме да постапуваме како што сакаме – порача актерката и додаде:

– Благодарна сум што живеам во момент кога постои избор, бидејќи, жени и девојки, знајте дека на вашите тела можат да им се случат работи кои не се ваш избор.

– Жени, сите жени, од 18 па до 118, гласајте во свој интерес кога ќе дојде момент за гласање. Мажите тоа со години го прават, затоа и светот е скроен по нивна мерка. Но, не заборавајте дека ние сме мнозинското гласачко тело во оваа земја. Затоа, ајде да ја обликуваме според нас! – порача Мишел.

Додека актерката го говореше ова, во публиката освен поддршката и аплаузот можеа да се видат и солзи, особено на лицето на нејзината најдобра пријателка Бизи Филипс, која абортирала на 15 години.

Со аплауз ја поддржа и Џенифер Анистон, додека на социјалните мрежи на нејзина страна застанаа бројни жени, како Селма Хајек, Тифани Хадиш и други.

Меѓутоа, додека повеќето жени беа на нејзина страна, еден дел од јавноста беше изненаден и го осуди нејзиниот говор, наведувајќи дека „се фали дека имала абортус за да го освои Златниот глобус“.

Прочитај повеќе

РЕЦЕПТ: Кифлички со јогурт

Слободен печат

Свештеник одржа миса на Фејсбук, но не забележа дека стиснал погрешно копче (ВИДЕО)

Слободен печат

Ана Николиќ го прифати предизвикот на Цеца: Објави неодолива фотографија од детството!

Слободен печат

Урнебесно! Андрија Милошевиќ ги запали социјалните мрежи со новиот предизвик! (ВИДЕО)

Слободен печат

Не тато, застани немој – Погледнете како овој пензионер и покрај карантинот отиде на кафе – КАКО ГОСПОДИН! (ВИДЕО)

Слободен печат

„Битлси“, Блонди „U2“: Погледнете како би изгледале омотите на славните музички албуми во време на коронавирус! (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Неверојатно куче посвоило бебе опосум од кое не се одвојува ниту денес (ВИДЕО)

Слободен печат

Убедени се дека така ќе им биде полесно: Истражување открива зошто луѓето изневеруваат

Слободен печат

Анџелина има сериозна здравствена криза? Светските медиуми пишуваат за актерката, причината е тажна, а асистентките се во паника!

Слободен печат

Коронавирусот го откажа и доделувањето на Тони наградите

Слободен печат

Ава Карабатиќ продава разголени фотографии за 50 евра: „Се сликав како се валкам на креветот“

Слободен печат

Водителката на временска прогноза со интересна маска за заштита, но сите гледаат во бујното деколте! (ФОТО)

Слободен печат