Неочекуван пресврт: Старателството над децата ќе му припадне на најстариот син?

Борбата за старателството над децата меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит се уште трае, а наскоро, наводно, би можела да добие сосема неочекуван пресврт. Имено, како што пренесува магазинот „Ne Idea“, најстариот син Медокс, наводно, сака да биде старател на своите браќа и сестри.

– Тој знае дека тоа е голем чекор и дека постојат неколку законски препреки, но гледа дека борбата меѓу Бред и Анџелина лошо делува на децата и мисли дека тоа е најдобриот начин да ги заштити децата, изјави изворот.

Да се потсетиме, процесот за развод на славниот пар почна во 2016 година, а парот има шест деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот