Неновски: Наесен стасуваат долговите кон странство, ќе ни треба задолжување на нови 400 милиони евра до крајот на годината (ВИДЕО)

Приватните високообразовни институции бараат да им се исплати државна помош и на нивните студенти, односно да добијат домашна платежна картичка.

Уредбата со законска сила на Владата за издавање домашна платежна картичка, како финансиска поддршка за млади лица, била тема на дискусија на последната седница на Конференцијата на приватни високообразовни установи. Оттаму велат дека со новите мерки на Владата се опфатени државјани на возраст од 16 до 29 години, кои се ученици во формалното средно образование или се редовни студенти на државните универзитети.

-Тоа значи дека оваа поддршка не може да ја добијат студентите на приватните високообразовни установи, со што тие се ставаат во нерамноправна положба. Со тоа се крши уставното право на студентите да ги имаат истите можности за добивање финансиска помош од државниот буџет во услови на вирусна пандемија и загрозена егзистенција на нивните семејства поради економските последици од здравствената криза, еднакво како и студентите од јавните универзитети. При одредување на правата на граѓаните Уставот не прави разлика во статусот на студент запишан на државен или на приватен универзитет, студентите од приватните универзитети се дискриминирани и им е повредено правото на еднаквост, загарантирано со член 9 од Уставот и Законот за високо образование, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ универзитетскиот професор Томе Неновски.

Во текот на вчерашниот ден испративме барање да се корегира овој дел, но доколку тоа не се стори имаме подготвено иницијатива за преиспитување на уставноста на оваа одредба, додаде Неновски.

Финансиско задолжување

Околу перманентното задолжување на државата кое би можело да биде и сериозна индикација за големи буџетски дефицити, Неновски вели дека во последните неколку години јавниот долг на државата се има стабилизирано.

– Но, буџетот се соочи со проблеми во месец март, каде приходите се намалени во однос на расходите, беше причина властите да преземат итни активности за санирање на оваа дупка со задолжување. Спред тоа таа сума од 1.000.000.000 се доби и се троши, ги решава овие работи. Долгот се зголемува и достигнува до 59-60% од БДП за оваа година, и тука морам да кажам дека јас како макро-економист поддржувам секое ново задолжување кое што ќе има продуктивни намени. Во оваа ситуација државата се задолжи повеќе за гаснење на пожарот во социјалата, кое не е продуктивен трошок, но спасуваат социјална криза, егзистенција на населението. Ова што сега го имаме ќе се искористи до карајот на летните месеци. Приливите се намалуваат, што значи дека овие пари забрзано се трошат, а наесен стасуваат долговите кон странство. Според тоа ќе ни треба задолжување на нови 400 милиони евра до крајот на годината, затоа што на НБРМ ќе и требаат 200 до 300 миклиони евра за да ги обезбеди девизните резерви кои ќе ги користи за оддржување на макро-економската стабилност и спречување на неповолни движења или флуктации на денарот, вели Неновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот