Немедицинското одвикнување од дроги е единственото успешно

Прашани за тоа колку јавното мислење влијае врз желбата да се побара помош, претставниците на здружението НАРКОНОН велат дека состојбата се уште е лоша

Претставници на здружението НАРКОНОН кое помага на илјадници луѓе да се изборат со зависноста од дроги, гостуваа во Утрински брифинг. Радомир Јоциќ и Дејан Димевски посочија дека располагаат со капацитет за 15 луѓе, а програмата трае 5 до 7 месеци. „Нудиме немедицински третман кој не користи никаква замена за дроги или медикаменти. Работиме на база на витамини и минерали. На почеток квалификуван доктор прави целосни медицински прегледи дали е некој квалификуван да ја направи програмата, најважно е да се има волја да се надмине тој проблем“. „Во првата фаза, 24 часа има надзор за да се справиме со кризите кои е можно да се јават. Користиме витамини и минерали. Потоа продолжуваме со процесот на детоксикација кој предвидува: сауна, прошетки, масажи и физичко исфрлување на токсините. И на крај доаѓа едукативниот дел за да не се вратат на дрогата. Прашани за тоа колку јавното мислење влијае врз желбата да се побара помош, нашите соговорници велат дека состојбата се уште е лоша: Се уште владее мислењето што ќе каже комшијата, што ќе каже фамилијата. Не можеме да живееме во илузија, мора здравјето на лицето кое го сакаме да ни е најважно. Не треба да се срамиме, туку да бидеме горди на таа борба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот