Нема ручек без компири, домати и пиперки и јаболки за десерт

Зеленчук во маркет / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Македонците годишно јадат по 136 килограми овошје и се на 15 место од 186 земји, покажуваат податоците на Ворлд популејшн ривју. Најмногу јадеме домати и пиперки по 30-тина килограми годишно, а гравот се помалку се сади, но и помалку се јаде – само 18,4 килограми годишно. Рекордер е компирот со 76,3 килограми по едно домаќинство

Македонците годишно јадат по 136 килограми овошје и се на 15 место од 186 земји, покажуваат податоците на Ворлд популејшн ривју. Сепак, колку и да изгледа големо ова количество, тоа речиси тројно помалку од жителите на Доминикана, кои се убедливо први со 387 килограми изедено овошје годишно по жител. Од соседните земји, над нас е Албанија со 190 килограми овошје по жител, додека Црна Гора е под нас со 123 килограми и Србија и Словенија со 110 килограми изедено овошје.

Што се однесува до зеленчукот, Хрватска и Кина предничат во глобалната годишна потрошувачка на зеленчук по глава на жител со 329,77 кг и 323,74 кг соодветно. Секој оној што е запознаен со кујната на овие земји, знае дека зеленчукот во голема мера влегува во традиционалните регионални диети и најчестите јадења. Во Хрватска, годишната потрошувачка на зеленчук дури е во пораст. Од 2019 до 2020 година, просечната годишна потрошувачка по глава на жител се зголеми за неверојатни 23,54 проценти, што ја истакнува долгогодишната улога што земјоделството ја игра во културната историја на Хрватска со векови. Што се однесува до потрошувачката на зеленчук во Македонија, таа на годишно ниво изнесува над 180 килограми по жител и тука сме на високата 8 позиција меѓу 182 земји во светот.

Пред нас се повторно Албанија и БИХ со годишна потрошувачка на зеленчук од 220, односно 218 килограми по жител. Најмногу јадеме домати и пиперки по 30-тина килограми годишно, а гравот се помалку се сади, така и помалку се јаде само 18,4 килограми годишно. Рекордер е компирот со 76,3 килограми по едно домаќинство.

-Културните традиции имаат тенденција да се продлабочуваат и да бидат прилично отпорни на промени со текот на годините, така што тие природно влијаат на факторите како што е потрошувачката на зеленчук по глава на жител. На пример, нациите со културни, духовни или религиозни традиции кои поттикнуваат вегетаријанска или веганска исхрана (како Јапонија или Виетнам) може да покажат поголема тенденција активно да консумираат повеќе зеленчук и други производи отколку нациите каде локалната култура налага исхрана богата со месо или други производи од животинско потекло (како Чиле или Ел Салвадор) – пишува на веб страницата на Ворлд популејшн ривју.

И Државниот завод за статистика покажува дека во 2022 година, македонските семејства изеле 37,4 килограми јаболки, 6,9 килограми грозје и 25,4 килограми банани. И лубениците се омилено овошје на Македонците и тие во 2022 година годишно изеле 24,9 килограми, исто толку портокали и само 11,3 килограми лимони. За жал цената на крушите низ годините им стана превисока на нашите сограѓани, па затоа и нивната потрошувачка изнесувала само 3,1 килограми за една година. Најмалку се јаделе цреши – само 1,4 килограми, оти тие во претходните две години почнаа со 250, а не се симнаа од 100 денари за килограм.

Трите најчесто одгледувани свежи зеленчуци во ЕУ по количина се доматите (15,4 милиони тони жетва), кромид (6,2 милиони тони) и моркови (4,4 милиони тони). Ова го покажуваат податоците на Евростат, објавени денеска на веб-страницата на одделот. Во 2022 година, ЕУ произвела 14,7 милиони тони пиперка (12,6 милиони тони јаболка и 2,1 милиони тони круши), 10,5 милиони тони агруми, 6,3 милиони тони коскесто овошје (како праски, нектарини, кајсии, цреши и сливи), 2,6 милиони тони суптропско и тропско овошје (како смокви, киви, авокадо и банани), 1,1 милион тони јаткасти плодови и 0,7 милиони тони шума овошје, јави БТА.

Италија е водечка во ЕУ за доматите, а Холандија со кромидот

Производството на свеж зеленчук е концентрирано во одредени земји од ЕУ. На пример, Италија е изворот на 40 проценти на домати собрани во ЕУ во 2022 година, по што следат Шпанија (24 проценти) и Португалија (9 проценти). Холандија е водечки производител на кромид со речиси една четвртина (24 отсто) од жетвата во ЕУ, проследена со Шпанија (20 проценти) и Франција (12 проценти). Најголеми производители на моркови се Германија (18 отсто од вкупната количина во ЕУ), Франција (15 проценти) и Полска (14 проценти). Италија, Полска, Шпанија и Франција се главни производители на овошје, бобинки и јаткасти плодови (освен цитрус овошје, грозје и јагоди) во ЕУ, иако за некои специфични плодови клучни се и другите земји-членки на ЕУ производители. Главните производители на јаболка во ЕУ во 2022 година се Полска (34 проценти), Италија (18 проценти) и Франција (14 проценти). Што се однесува до праските, 3 земји сочинуваат над 90 проценти од производството во ЕУ: Италија (34 проценти), Грција (33 проценти) и Шпанија (24 отсто), оставајќи го остатокот од Унијата да придонесе само 9 отсто. Италија (25 проценти), Холандија (17 проценти) и Белгија (17 проценти) се главните производители на круши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот