Нема црковни погреби на Свети Никола, Задушница, Божиќ и Велигден – архиепископот Стефан ги забрани

архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан ги забранил црковните погреби за време на празнувањето на Свети Никола и правилото почнува да се применува од оваа година. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат со црковните обреди во вторник, пренесува „А1он“.

Скопската епархија потврдила дека нема погреби за време на празнувањето на Св. Никола, но оттаму посочуваат дека верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден.

По барање на целокупното свештенство од Скопската православна епархија, а за што се известени и директорите на АД ‘Бутел’ – Скопје, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан дал благослов на денот на празнувањето на Св. Никола да не се извршуваат погребенија, пракса што Црквата ќе ја применува и за саботните задушници, како и за празниците Божиќ и Велигден, кусо објаснуваат за „А1он“ од Скопската православна епархија.

Од управата на Градските гробишта „Бутел“ неофицијално појаснуваат дека забраната се однесува на верските обреди поврзани со погребите, а не и на самиот чин на погребување. Доколку некој реши, погреб може да се организира, вклучително со изложување на починатиот во капела, но нема да има поп. Нивните служби се достапни за граѓаните без прекин во текот на целата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот